Ѕвезда на Челси по дебаклот во ЛШ најави дека го напушта клубот!?
Енцо Фернандез не е задоволен во Челси, посебно по лошите резултати на гигантот во изминатиот период, па ја остави отворена вратата за напуштање на „Стемфорд бриџ“.
„Не знам. Имаме уште осум натпревари во лигата и ФА-купот. Потоа следи Мундијалот, а потоа ќе видиме дали ќе останам“, кажа Фернандез.
Аргентинецот има договор со „сините“ до 2032 година, а пристигна во Лондон во 2023 година за над 100 милиони фунти.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club