Драма во Рим: Разбојници влегле во домот на фудбалер на Рома - го заклучиле во соба!

Фудбалерот на Рома, Нил Ел Ајнауи поминал низ вистинска драма от како во раните утрински часови разбојници влегле во неговиот дом.

Според информациите на на „Газета дело Спорт“, шест наоружани разбојници  влегле во домот на Ел Ајнауи околу три часот наутро. Тие влегле преку прозорецот на дневната соба откако ја отстраниле заштитата на прозорците.

Фудбалерот се разбудил прв поради бучавата и заедно со мајката, братот и уште неколку лица биле заклучани во соба, додека разбојниците однеле накит вреден околу 10.000 евра.

Ел Ајнауи не е првиот фудбалер на Рома или Лацио кој е ограбен на сличен начин. Во минатото во Рим мета на разбојници беа домовите на: Крис Смолинг, Филип Мексес, Фесли Снајдер. Кристијан Панучи... 

Фудбалерот за инцидентот веднаш го известил и клубот од каде што добил слободен ден и не присуствувал на тренингот пред реванш натпреварот против Болоња во Лига Европа.