Брера по ужасната резултатска криза спасот го побара во - смена на тренерот!

Екипата на Брера остана без првиот тренер во финишот на сезоната, откако Мартин Алаѓозовски денеска поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб.

Струмичани се во голема резултатска криза со само една победа во последните осум кола и во моментов се на осмото место со 33 бодови – позиција која води во баражот за опстанок во Првата лига. Од клубот се огласија со благодарност за досегашниот тренер.

„Во еден од најтешките периоди за клубот, Мартин покажа карактер, посветеност и професионализам. Остави длабока трага во тимот и секогаш ќе биде дел од нашата приказна“, соопштија од Брера.

До крајот на сезоната главна цел на струмичкиот тим останува опстанокот во елитата, што нема да биде лесно поради што Арсими, првиот над „линијата на спасот“, има два бода повеќе на пет кола до крајот.