Дориев не може сѐ сам – за пола час даде два гола, ама неговиот тим загуби!
Македонецот стрелаше уште во 4. минута, а во 26. минута повторно реагираше одлично и на својата екипа ѝ донесе водство со 2-0. Тоам сепак, не беше доволно за освојување на трите бода. Гостите намалија до крајот на првото полувреме, а во вториот дел направија целосен пресврт за победа. Херој за Бунјодкор беше Тошмирзаев, кој ги постигна сите три гола.
Дориев со ова стигна до пет гола во осум натпревари сезонава во Супер лигата на Узбекистан. Неговиот тим остана на пет бодови по осум рунди и е на претпоследното место на табелата.