Челси остана без еден од најважните фудбалери за реваншот против ПСЖ
Џејмс има проблеми со тетива и поради тоа ќе паузира неколку недели надвор од терените, па ќе го пропушти дербито против парижаните, но и уште неколку натпревари, а најверојатно ќе се врати дури во финишот од сезоната.
Челси ќе го пречека ПСЖ со негатива од 2-5 од првиот натпревар и ќе има пеколна задача да се извлече од оваа ситуација.
Натпреварот меѓу Челси и ПСЖ се игра од 21 часот на „Стемфорд бриџ“.