Мбапе и Белингам го фатија авионот за Манчестер

Реал Мадрид утре ќе брани предност од 3-0 од првиот натпревар против Манчестер Сити, а Алваро Арбелоа ќе може да смета и на двете големи ѕвезди во тимот Килијан Мбапе и Џуд Белингам.

Двајцата имаа проблеми со повреди претходниот период и не играа на првиот меч со Сити, но се најдоа на списокот на фудбалери за утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите. Покрај нив, се враќа и Карерас кој исто така пропушти неколку натпревари на Реал.

На списокот на Арбелоа има 25 фудбалери, а повторно се најдоа голем број играчи од младинската школа и од вториот тим.