Американците не простуваат: Хонда го поддржа Иран, па остана без договор

Јапонската фудбалска легенда Кеисуке Хонда откри дека загубил рекламен договор во САД откако јавно ја изрази поддршката за настапот на репрезентацијата на Иран на претстојното Светско првенство.

Хонда истакна дека рекламната кампања на една американска компанија, чиј иденитет не го откри, била „ставена на чекање“ по неговата објава на социјалните мрежи каде што порача дека сака Иран да учествува на Мундијалот, кој заеднички го организираат Америка, Канада и Мексико.

„Знам дека ова е многу чувствителна тема, но лично сакам Иран да игра на Светското првенство“, напиша 39-годишниот Јапонец во објава во четврток. Ден подоцна тој објави нова порака во која нагласи дека токму таа изјава довела до прекин на соработката.

„Изгледа дека оваа изјава доведе до тоа една американска компанија да откаже реклама која требаше да биде завршена пред Светското првенство“, напиша Хонда.

Тој додаде дека не сака да има врска со компании кои, како што вели, носат одлуки базирани на погрешно размислување.

Иако репрезентацијата на Иран се квалификуваше за турнирот, нејзиното учество на Светското првенство и понатаму е неизвесно поради воениот конфликт меѓу Америка и Израел од една страна и Иран од друга. Засега последните информации се дека нема да се откажат и повеќе за тоа можете да прочитате - ТУКА.

Фото: EPA