Иран сепак не се откажал, ќе игра на Мундијалот?
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи дека иранскиот тим е добредојден на Светското првенство, но изрази сомнеж за нивната безбедност. Исто така иранскиот министер за одбрана зборуваше дека во овој момент не може да се очекува да бидат дел од Мундијалот.
Сепак, според зборовите на Џон, Фудбалската федерација на Иран засега официјално не се откажала.
„Иран е наш член и сакаме да играат. Колку што знаеме, тие не се откажале и нашата последна информација е дека планираат да играат на Мундијалот“, гласеше неговата изјава на прес-конференцијата одржана во Куала Лумпур.
Според распоредот, Иран треба да игра на 15 јуни против Нов Зеланд во Инглвуд, на 21 јуни против Белгија, а групната фаза ќе ја заврши на 26 јуни во Сиетл против Египет.
Фото: EPA