Ужас во Русија: Млад фудбалер убил жена и тоа пред нејзината ќерка!
Тој во минатото настапувал за младинските селекции на Русија, а за време на испрашувањето го признал злосторството и изразил каење.
„Признавам сè и жал ми е“, изјавил Секач.
Според официјалното соопштение на истражителите, фудбалерот дошол во станот на жртвата со намера да отвори сеф, а потоа, како што се наведува, добил наредба да ја убие сопственичката на станот. Злосторството се случило минатиот петок, кога бизнисменка била нападната со повеќе удари и убоди со нож, откако одбила да ја открие шифрата од сефот. Посебно шокантен е фактот што во станот во моментот на нападот се наоѓала и 16-годишната ќерка на жртвата. Истражителите тврдат дека претходно со неа контактирале измамници кои се претставувале како полицајци.
По убиството, според инструкциите што ги добил, Секач преку прозорец ги фрлил украдените пари, накит и колекционерски монети, додека девојката ја држел како заложник до следниот ден. Фудбалерот бил уапсен ден подоцна во хотел на околу 14 километри од местото на злосторството. Секач во моментов настапува за вториот тим на Урал Екатеринбург, а од клубот изјавиле дека неколку дена претходно го напуштил тимот со образложение дека патува во Москва поради студии. Пред да се приклучи на Урал, тој тренирал и во младинската академија на Локомотив Москва.