На меч од Третата лига имаше повеќе публика од сите прволигашки дуели – заедно (ВИДЕО)
Со оглед што средбата помеѓу Вардар и Брера ја следеа дури и помалку од 50 гледачи, слободно може да се каже дека на овој третолигашки дуел имаше повеќе навивачи од сите прволигашки пресметки од оваа рунда. Големиот интерес за овој натпревар создаде на моменти и бразилска атмосфера во Пирава, каде трибините беа исполнети за регионалното дерби.
Иако на теренот немаше победник и дуелот заврши без голови (0-0), амбиентот на стадионот беше далеку над стандардите што често се гледаат на македонските стадиони.