Азар под истрага во Белгија зашто станал амбасадор на обложувалница (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер Еден Азар е под истрага во Белгија затоа што станал амбасадор на обложувалница која во земјата се наоѓа на „црната листа“.

Азар ја сподели веста за соработката со своите 27 милиони фанови на Инстаграм, а белгиската комисија за игри на среќа отвори истрага за случајот.

„Ќе провериме дали рекламата на Азар е наменета за белгиски пазар. Рекламирање на игри на среќа во Белгија е забрането“, кажа портпаролот на комисијата Стефан Савенберг.

Доколку се потврди дека Азар е заштитно лице на компанијата, тогаш ќе му биде наредено да ја прекине соработката, зашто во спортивно ќе следат санкции.