Тер Штеген се појави на изборите во Барселона и се посрамоти! (ВИДЕО)

Денеска во Барселона се одржуваат изборите за претседател на клубот, а кандидатите се Жоан Лапорта и Виктор Фонт.

На гласањето се појави и голманот, Марк Андре Тер Штеген, меѓутоа се соочи со непријатност.

Имено, кога се појави пред одговорните на Тер Штеген му беше кажано дека го нема на списокот луѓе кои имаат право на глас. Додека го бараа неговото име, Германецот веруваше дека во прашање е некаква техничка грешка, сепак тоа не беше случај и си замина дома без да гласа.

Ќе потсетиме, тој во јануарскиот преоден рок се пресели во Жирона на позајмица од Барселона.