Ден за дерби во Битола: Пелистер дома нема право на грешка!
=„Црвено-црните“ играат одлична сезона и во овој момент се првопласирани со 44 бода, додека Пелистер е втор со 40, па со триумф на домашен терен би ја направиле трката за титулата многу поинтересна.
Во натпреварот во Битола, Вардар влегува по победата над Мелсунген и обезбеденото четвртфинале во Европската лига, додека Пелистер го заврши настапот во Лигата на шампионите со убедлив пораз од Барселона во последниот натпревар од првата фаза.
Двајцата стратези, Стевче Алушовски и Иван Чупиќ немаат посериозни проблеми со повредени ракометари, единствено под знак прашалник кај домаќините Доминик Тајник.
Дербито е закажано за во терминот од 19:00, салата е веќе распродадена, па нема дилеми дека атмосферата и поддршката за домаќините ќе биде на највисоко ниво.