Официјално: Војната ја скрати сезоната во Формула 1!
Одлуката е донесена во целосна консултација со ФИА и со соодветните промотери.
Претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали истакна дека одлуката била тешка, но едноставно биле принудени да ја донесат.
„Иако беше тешко да се донесе, за жал, ова е исправната одлука во овие околности на Блискиот исток. Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на ФИА, како и на нашите неверојатни промотери, за нивната поддршка и целосно разбирање. Тие со нетрпение очекуваа да нè пречекаат со својата енергија и страст. Со нетрпение очекуваме да се вратиме кај нив штом околностите тоа го дозволат“, порача Доменикали.