Лудило во Леверкузен: Три поништени гола, два црвени картони и по еден бод за екипите (ВИДЕО)

Дербито во Бундеслигата меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен понуди многу возбудувања, а на крајот двете екипи си поделија по еден бод (1-1).

Баер Леверкузен прв зададе удар и ја затресе мрежата на шампионот во шестата минута преку Алеиш Гарсија. Потоа Џонатан Тах погоди во 26. минута, но неговиот гол беше поништен поради игра со рака, а во продолжение Николас Џексон доби директен црвен картон по груб прекршок.

Хари Кејн погоди во 61. минута, но повторно голот беше поништен поради игра со рака. Сепак, осум минути подоцна Луис Дијаз конечно израмни на 1-1.

Дијаз во продолжение доби црвен картон, па така Баерн во завршницата остана со двајца играчи помалку, а нова радост за Леверкузен донесе Хофман, но таа не траеше долго затоа што погодокот беше поништен поради офсајд.

Останати резултати:

Борусија Дортмунд – Аугсбург 2-0
Ајнтрахт Франкфурт – Хајденхајм 1-0
Хофенхајм – Волфсбург 1-1

Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen