Еуфорија во Лондон: Арсенал договорил напаѓач од 150 милиони евра!?

Арсенал оваа сезона игра одлично во Премиер лигата, но и во другите натпреварувања, па на пат е да освои неколку пехари до крајот, но тренерот Микел Артета веќе прави планови за следната сезона.

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал наводно договорил ново засилување, а станува збор за Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид.

Алварез се поврзуваше со Ливерпул и Њукасл, но аргентинскиот репрезентативец очигледно е подготвен да го облече дресот на „топчиите“.

Вредноста на Алварез во моментов се проценува на 100 милиони евра според „Трансфермаркт“, но се шпекулира дека Арсенал ќе мора да плати 150 милиони евра за реализација на трансферот.

Фото: Facebook/Arsenal