Вардар на Градски против Брера ја отвора третата рунда од сезоната!
Вардар првпат оваа сезона ќе игра на својот стадион, првпат по ноември. Црвено-црните се враќаат на Градски, а за прв противник таму им е екипата на Брера.
Скопскиот тим е лидер на табелата и главен фаворит за шампионската титула, но Брера во вториот дел од сезоната покажува мускули, особено за истакнување е нивниот резултат во претходното коло кога дојдоа до бод против Шкендија во Тетово.
Тимот на Седлоски покажа ранливост на последните натпревари, но вардарци се надеваат дека сега на широкиот терен на градски до израз ќе дојде нивниот квалитет и ќе ги освојат бодовите.
Вардар и Брера играат од 14:30, а два и пол часа претходно крај Охридското езеро ќе почне дуелот меѓу Струга и Македонија Ѓорче Петров.
Македонија ЃП води грчевита битка за опстанок и секој бод им е важен, тие се свесни дека ќе им биде многу тешко да се вратат непоразни од Струга денеска.
Стружани не блескаат во вториот дел од сезоната, но во минатото коло славеа лесна победа над отпишаниот Шкупи, триумф кој може да им ја зголеми самодовербата.
ПМФЛ 23. коло:
Сабота
Струга - Македонија ЃП 12:00
Вардар - Брера 14:30
Недела
Тиквеш - Шкупи 12:00
Шкендија - Арсими 14:30
Понеделник
Башкими - Работнички 14:30
Силекс - Пелистер 14:30
Табела: Вардар 55, Шкендија 52, Струга 47, Силекс 39, Башкими 32, Тиквеш 30, Брера 28, Арсими 26, Македонија ЃП 23, Пелистер 21, Работнички 16, Шкупи 1.