Некогаш најубавата тенисерка, си најде нова работа! (ФОТО)
Откако се пензионираше од активно играње тенис, Бушар уживаше со месеци патувајќи низ светот. Канаѓанката заврши со одморот и се врати на работа.
Официјално стана тениска коментаторка, а нејзиното деби беше на Индијан Велс.
На Инстаграм таа сподели и неколку фотографии од своето ново работно место и напиша: „Ризично од нивна страна што ми го дадоа микрофонот“.
Но, ова не е нејзина прва работа на телевизија. Во 2021 година додека се опоравуваше од операција, работеше како аналитичкарка од студио.