Четворица тренери на листата на желби на Јунајтед, но не и миленикот на навивачите

Англиските медиуми објавија листа од четворица стручњаци од кои би требало да биде избран следниот менаџер на Манчестер Јунајтед кој ќе го води тимот идната сезона.

Изборот повторно е чуден бидејќи се работи за тренери кои немаат големи успеси во англискиот фудбал, во смисла на освоени трофеи. Најзвучно име е актуелниот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери кој има забележителни резултати со клубот од Бирмингем, но главните успеси ги оствари во Лигата Европа каде триумфираше дури петпати.

Останатите тројца се актуелниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола, потоа италијанскиот стручњак Роберто де Ѕерби кој неодамна го напушти Олимпик Марсеј и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, во случај тој да одлучи да си замине по Светското првенство иако има договор до 2028 година.

Сепак, на овој список го нема миленикот на навивачите Мајкл Карик кој го направи Јунајтед кандидат за пласман во Лигата на шампионите иако пред неговото доаѓање тимот беше кон средината на табелата. Наводно, раководството на клубот не го гледа Карик како долгорочно решение и тој би можел да си замине на крајот од оваа сезона.