Карагер знае кој е совршен тренер за Јунајтед: Само Гвардиола е подобар од него
За ситуацијата во Јунајтед, сега зборуваше Џејми Карагер, поранешниот фудбалер на Ливерпул смета дека актуелниот предводник на Астон Вила, Унаи Емери е идеалниот човек за тренер на „ѓаволите“.
„Унаи Емери е совршен кандидат за оживување на Манчестер јунајтед. За мене само Пеп Гвардиола е подобар тренер од него во Премиер лигата“, изјави Карагер.
На Емери во овој момент му оди добро во Астон вила и се наоѓа на четвртата позиција каде што е во борба со Јунајтед, Челси и Ливерпул за местата што обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.
Викендов ги очекува еден од најважните натпревари во таа битка бидејќи ќе играат токму против Манчестер јунајтед.
Фото: EPA