Страшна сцена во Хрватска - се урна кошот при забивање! (ВИДЕО)

Вистинска драма се случи на натпреварот помеѓу Каварнер и Сплит во Ријека каде што за среќа беше избегната сериозна трагедија.

При водство на домаќините од 48-47, центарот на Сплит, Демајо Вигинс атрактивно заби, а потоа се задржа на обрачот. Во тој момент попушти конструкцијата на кошот која падна на паркетот.

За среќа, Вигинс во последен момент додека беше на подот успеа да го тргне телото и да избегне посериозна повреда. Веднаш на помош притрчаа останатите кошаркари, а според информациите кошаркарот поминал без последици.