Гвардиола: Ако утре не победиме, првенството ќе биде готово!
Иако двете екипи ги очекува и меѓусебен дуел во Манчестер на 19 април, Гвардиола порача дека ако утре не победат се ќе биде завршено.
„Премиер лигата е најтешкото првенство за освојување, ние сме во игра и понатаму, но свесни сме и дека ќе биде готово, ако не победиме сега“, порача шпанскиот стратег.
Вест Хем се бори за опстанок на другата страна на табелата и се наоѓа во зоната за испаѓање, со ист број бодови како и Нотингем форест, но со послаба гол-разлика. Сепак, нивните резултати во последно време се подобри и во последните пет натпревари во првенството загубија само еднаш.
Новинарите го запрашаа Гвардиола и за реваншот во Лигата на шампионите кој кон средина на неделата ќе го играат против Реал по поразот од 3-0, меѓутоа шпанскиот стратег не сакаше премногу да зборува за овој дуел.
Натпреварот помеѓу Вест хем и Сити утре се игра во терминот од 21:00 часот.