Ужас во Солун: Навивач на ПАОК среде улица до смрт избоден со нож!
Сведоци тврдат дека тројца маскирани напаѓачи му поставиле заседа на младиот навивач. По кратка пресметка, еден од нив го прободел во грб со остар нож, по што момчето паднало на улицата. Минувaчите веднаш се обиделе да му помогнат, а на местото брзо пристигнале полиција и брза помош. Повредениот бил пренесен во болница, но починал околу два и пол часа подоцна.
Грчките власти ја разгледуваат можноста нападот да е поврзан со долгогодишните ривалства меѓу навивачките групи.