УЕФА го објави тимот на неделата во ЛШ (ФОТО)

По завршување на првите осминафинални натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), УЕФА го објави тимот на неделата во елитното натпреварување.

Дури четири екипи имаат по двајца претставници, а тоа се Реал Мадрид, Баерн Минхен, Галатасарај и Атлетико Мадрид.

Во тимот на неделата се Куртоа, Џејкобс, Андрих, Ле Норманд, Станишиќ, Брунстад Фет, Лемина, Валверде, Олисе, Алварез и Кварацхелија.