Нова драма во ЛШ: Од Мадрид бараат УЕФА да суспендира две ѕвезди на Баерн

Баерн Минхен славеше со 6-1 против Аталанта во Бергамо, па веќе може да размислува за четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ), но бундеслигашот би можел да се соочи со (не)очекуван проблем.

Мајкл Олисе и Џошуа Кимих се под истрага на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поради сомнение дека намерно добиле жолти картони во првиот меч против Аталанта.

Двајцата се осомничени дека намерно изнудиле жолти картони за да го пропуштат реваншот во Минхен против Аталанта и така да се „исчистат“ од картони за продолжение на натпреварувањето.

УЕФА го истражува случајот, а шпанските медиуми пишуваат дека од Мадрид почнал да се врши притисок за казна за Олисе и Кимих.

Фото: Bayern Munich/Facebook