Алушовски: Без одбрана против Барселона не можете нешто да очекувате
Алушовски го призна поразот и како главна причина за дебаклот ја означи играта во одбраната.
„Честитки до Барселона, беа подобри во секој аспект. Ние имавме многу бавен напад и не бевме агресивни во одбраната. Мислам дека го срушивме рекордот и на Загреб, примивме 47 гола. Кога играте против Барселона, едноставно без одбрана не може до позитивен резултат“, јасен беше Алушовски.
За Пелистер овој дуел беше и последен во Лигата на шампионите каде што битолскиот состав сезонава забележа две победи, две нерешени средби и дури десет порази.