Пелистер со дебакл кај Барселона ја заврши сезоната во ЛШ
Во последниот натпревар вечерва, избраниците на Стевче Алушовски беа поразени со убедливи 47-27.
Пелистер конкурентен беше единствено во почетните минути кога трипати водеше до 3-2, а во продолжение натпреварот имаше само еден правец. Веќе до паузата Барселона водеше со девет разлика (24-15) и стануваше јасно дека битолчани нема да можат до некакво изненадување.
Сликата на теренот не се промени и во второто полувреме, Барселона доминираше и ја зголемуваше разликата за на крај да слави со разлика од 20 голови.
Така сезоната во ракометната елита Пелистер ја завршува на претпоследната позиција во групата со биланс од две победи, две нерешени и десет порази, зад нив е само Загреб кој освои само два бода и запиша една победа токму против македонскиот претставник.
Aдриан Бастера беше најефикасен на натпреварот со седум гола, додека за Пелистер по три гола постигнаа: Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ.
За Пелистер сега до крајот на сезоната го очекува битката за титулата во Суперлигата каде што Вардар има предност.
Во вториот натпревар кој се играше вечерва во Лигата на шампионите, ПСЖ беше подобар од Магдебург со 34-26.