ТФТ објаснува: Приморани сме МЗТ да го пречекаме во Гевгелија - без неговите навивачи!
ТФТ Скопје објави дека во СЦ „Борис Трајковски“ немало слободен термин поради одржување на два музички концерти, поради што биле приморани да играат во Гевгелија, но тамунема да биде дозволен влез на гостински навивачи поради тоа што салата располага со една трибина и капацитет од 500 гледачи.
„Во ова соопштение би сакале да ги разјасниме работите кои кружат во кошаркарските кулоари. Како што знаете и самите, првично натпреварот помеѓу КК ТФТ СКОПЈЕ и МЗТ СКОПЈЕ беше делегиран во спортскиот центар Борис Трајковски (каде што сакаме во иднина да ги играме сите домашни натпревари) на 16.03.2026.
За време на престојниот викенд, нема слободен термин во СЦ Борис Трајковски, поради оддржување на два музички концерти.
Во меѓувреме добивме официјален e-mail од АБА2 лигата кадешто согласно нивниот договор со Арена Спорт нашето барање за преместување на 1/4 финалниот натпревар беше одбиено, со што тој натпревар треба да го одиграме на 17.03 против екипата на КК Златибор во Златибор.
За нас како клуб, во овој историски момент за нас, каде за прв пат се наоѓаме во АБА2 плефојот, овој натпревар е приоритет.
Дополнителни, согласно со барањето на КК МЗТ Скопје за присуство на гостински навивачи би сакале да ве известиме за следното:
Поради фактот што овој натпревар сме приморани (не по наша вина) да го одиграме во спортскиот центар НБ Ноел во Гевгелија кој располага со една трибина и вкупен капацитет од 500 гледачи, по консултација со надлежните - од безбедносни причини нема можност за присуство на гостински навивачи.
За нас како клуб кошаркарката пред полни трибини секогаш било приоритет, за што и самите сте сведоци како било во минатото.
Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од страна на сите љубители на кошарката кои сакаа да присуствуваат на ова дерби.
Нека победи подобриот“, соопштија од ТФТ.