Ѓоковиќ го дозна противникот за осминафиналето - бранителот на титулата!

Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Индијан Велс ќе игра против Џек Дрејпер од Велика Британија, кој го победи Франциско Серундоло Аргентина со 6-1, 7-5.

Ѓоковиќ и Дрејпер досега одиграа само еден меѓусебен натпревар, во кој Србинот победи со 4-6, 6-1, 6-2, 6-2 на Вимблдон во 2021 година . Британецот е рангиран на 14. место во светот и има 24 години.

Дрејпер ја брани титула во Индијан Велс, освоена минатата година. Двајцата тенисери ќе се сретнат утре вечер, а точниот термин ќе биде дополнително одреден.