Алкараз загуби сет, ама остана непоразен во 2026 година
Сепак, аутсајдерот не успеа да ги надмине очекувањата и се задоволи со почесен пораз од шпанскиот противник со (7-6, 3-6, 2-6) за 2 часа и 27 минути во дуелот од третото коло на Мастерсот во Индијан Велс. Риндеркнех имаше одличсен сервис, реализираше 11 аса и направи само 2 двојни грешки. Тој покажа и исклучителна отпорност во однос на психологијата и спаси импресивни 8 од 12 можности за брејк на противникот. Во овој поглед, Алкараз исто така беше речиси беспрекорен и му дозволи на Риндеркнех да направи само еден од своите четири обиди за брејк.
Ова беше шести натпревар меѓу двајцата, а Шпанецот сè уште не регистрирал пораз против овој противник. Нивниот претходен судир беше пред помалку од еден месец, кога на турнирот во Доха, Риндеркнех, за разлика од денес, не успеа да освои сет. Во осминафиналето, Алкараз ќе се соочи со Каспер Руд од Норвешка, кој го елиминираше Полјакот, Валентин Вазро исто така во натпревар од три сета и пресврт со (3-6, 6-3, 6-4).
Со ноќешната победа, Алкараз е на биланс 14-0 во 2026 година и се уште е во атак на рекордот на Ѓоковиќ иако до него има уште многу.