Сензација од Мадрид: Фабрегас меѓу главните кандидати за тренер на Реал

Актуелниот тренер на Комо и поранешен играч на Барселона, Цеск Фабрегас е еден од најсериозните кандидат за позицијата шеф на стручниот штаб на Реал, објавија мадридски медиуми. 

Каталонскиот стручњак е еден од оние кои особено ги импресионирале шефовите на Реал Мадрид. Тие го ценат неговиот стил на работа, неговите комуникациски тактики и веруваат дека тој би можел да биде сериозен кандидат да го наследи Алваро Арбелоа што би предизвикало земјотрес во шпанската престолнина.

Арбелоа во моментов е привремен менаџер на Реал Мадрид, откако го наследни Чаби Алонсо кој беше отпуштен во јануари. Ова би можело да биде една од ретките понуди што би можеле да го натераат Фабрегас да се повлече од проектот во Комо, со кого моментално е на делба на четвртото место во Серија А заедно со Рома.

Фабрегас има само 38 години, но е производ на младинската академија на Барселона, а исто така igra[e и во Арсенал, Челзи и Монако пред да се пензионира во Комо во 2023 година. Тој веднаш стана менаџер и му помогна на овој клуб да се пласира од Серија Б во елитната дивизија, заедно со значителна финансиска поддршка од индонезиските сопственици на клубот.

Тоа вклучуваше и потпишување на Нико Паз, кој има клаузула за откуп во Реал Мадрид која клубот има намера да ја искористи.