Мадридските медиуми бараа црвен картон за Кубарси, тренерот на Билбао ги „олади“ (ВИДЕО)

По целата судиска помош што Реал ја добива оваа сезона, медиумите од Мадрид се обидоа да релативизираат со тоа што синоќа, според нив, Барселона требала да остане со фудбалер помалку затоа што Пау Кубарси заслужил црвен картон.

Во една ситуација при борба за топка, шпанскиот стопер го собори Ињаки Вилијамс и доби жолт картон, но мадридските медиуми инсистираа дека тоа треба да биде исклучување. Прво, уште во текот на мечот, контра нив застана поранешниот шпански судија Перез Буруљ, а потоа истото го направи лично тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, инаку поранешен предводник на Барселона.

„Немам никаков коментар за судењето. Пау Кубарси не заслужи црвен картон во онаа ситуацицја за која се обидувате да зботувате. Жоан Гарсија секако прв ќе дојдеше до топката, така што Ињаки немаше ни најмала шанса“, рече Валверде.

Искусниот стручњак не се обиде да бара алиби за поразот како што тоа го прават во Мадрид и фер го призна поразот од Барселона иако неговиот тим можеше да дојде до многу поповолен резултат.