Работнички загуби од Чаир и е на чекор од зоната за испаѓање!

Чаир и Работнички одиграа изедначен меч, а тимот од Градски парк може да жали што не дојде до победата, домаќините имаа подобра завршница и го добија мечот 75-73.

Работнички водеше во поголем дел од мечот, иако двата тима се менуваа во предноста. Ниту еден не направи двоцифрена разлика. Центарци во последниот период имаа плус осум поени, но ги загубија. Последните моменти од натпреварот му припаднаа на Чаир кој дојде до триумфот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Крисниан со 17 поени, Тачи реализираше 16, имаше и девет асистенции. Најдобар кај Работнички беше Ефремовски со 22 поени и девет скокови.

По 17 одиграни меча Работнички има 23 бода и е на деветата позиција, Чаир со два бода повеќе е четврти со можност да падне некоја позиција по комплетирање на колото.