Кузмановски блескаше против ПСЖ - доби место помеѓу најдобрите! (ФОТО)

Пелистер во текот на оваа недела одигра реми против ПСЖ во Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните во редовите на битолчани беше Филип Кузмановски.

Кузмановски натпреварот го заврши како најефикасен во својот тим со десет постигнати погодоци, па сигурно дека местото помеѓу најдобрите и го заслужи.

Битолскиот состав до бодот стигна со голот на Дејан Манасков за кој исто така добија признание бидејќи беше избран помеѓу најдобрите пет на колото.