Динамо Букурешт го растури Колштад, ГОГ му пресуди на Пик Сегед
Колштад даваше голем отпор во првото полувреме (11-12), по што Динамо Букурешт во вториот дел го засили темпото и оствари триумф (33-23).
Двете екипи веќе се елиминирани од натпреварувањето, односно немаат повеќе шанси за пласман во нокаут-фазата.
Пик Сегед водеше во првото полувреме со 16-15, но се распадна во вториот дел против ГОГ (34-37) и го запиша четвртиот пораз по ред.
Фото: Facebook/CS Dinamo Handbal