ТФТ загуби од Јахорина, но обезбеди плејоф во АБА2-лигата!

Кошаркарите на ТФТ Скопје беа поразени на гостувањето кај Јахорина со 84-92 во последното коло од регуларниот дел во АБА2-лигата, но и со тоа се пласира во плејофот.

Македонската екипа имаше лошо прво полувреме во кое Јахорина стигна до предност од +18 (53-35), но ТФТ во вториот дел успеа да ја намали негативата против ривалот и на крајот загуби со 84-92.

Најефикасни кај ТФТ беа Дејвис и Говенс со по 21 поен, додека Ковачевиќ запиша 25 поени за Јахорина.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Jahorina Pale