Динамо Букурешт го растури Колштад, ГОГ му пресуди на Пик Сегед

Ракометарите на Динамо Букурешт ја запиша втората победа во Лигата на шампиони (ЛШ), откако славеше против Колштад со 33-23, додека Пик Сегед загуби од ГОГ со 34-37.

Колштад даваше голем отпор во првото полувреме (11-12), по што Динамо Букурешт во вториот дел го засили темпото и оствари триумф (33-23).

Двете екипи веќе се елиминирани од натпреварувањето, односно немаат повеќе шанси за пласман во нокаут-фазата.

Пик Сегед водеше во првото полувреме со 16-15, но се распадна во вториот дел против ГОГ (34-37) и го запиша четвртиот пораз по ред.

Фото: Facebook/CS Dinamo Handbal