Пронајдена бомба на „Кошево“ пред натпревар на Ристовски и Елези!

Припадниците на полицијата во Сараево извршиле претрес на стадионот „Кошево“ пред натпреварот меѓу Сараево и Вележ во Купот на БиХ, при што била пронајдена бомба.

Експлозивната направа била пронајдена на 25 феевруари при прегледот на стадионот кој стандардно се врши пред спортските натпревари, а неофицијално бомбата била поставена во ВИП-делот на стадионот.

Сараево го загуби натпреварот од Вележ, а македонските фудбалер Стефан Ристовски и Агон Елези го одиграа цел меч за нивната екипа.

Фото: Facebook/FK Sarajevo