Тотнем забрзано ита кон Чемпионшип (ВИДЕО)

Екипата на Тотнем падна на само еден бод од зоната за испаѓање откако вечерва го доживеа петтиот пораз по ред, од Кристал Палас на домашен терен со 1-3.

Мечот почна идилично за Спарс кои го отворија резултатот преку Соланке во 34. минута, но се беше решено до крајот на првото полувреме. Сар израмни во 40. минута од пенал при што Ван де Вен доби црвен картон, а потоа во судиското продолжение погодија Ларсен и повторно Сар кој го постави конечниот резултат.

 

 

Со играч помалку, Тотнем во второто полувреме не успеа сериозно да го загрози противничкиот гол, а Кристал Палас имаше уште неколку изгледни шанси да дојде до поубедлива победа.

На девет кола пред крајот на сезоната, Тотнем има 29 бода, еден повеќе од 18-пласираниот Вест Хем, а во следниот круг, на 15 март гостува кај Ливерпул.