Фудбалерките на Иран салутираа пред натпреварот со Австралија (ВИДЕО)

Во Иран се води војна, а во таа атмосфера женската фудбалска репрезентација настапува на Купот на Азија во Австралија. 

Пред натпреварот против домаќините, Иранките салутираа како знак на поддршка за армијата. Интересно е што пред два дена на мечот против Јужна Кореја, Иранките не ја пееја химната.

За тоа имаше разни теории, едни тврдеа дека тоа било протест кон властите, кои им наредиле на фудбалерките да ја пеат химната „за да не ја срамат својата држава“, додека други сметаа дека е поради големиот број загинати во Иран.

Сега, неколку дена подоцна ситуацијата се промени.