Промашување кое може да боли, чудо е како Сити не даде гол (ВИДЕО)

Maнчестер сити вчера не успеа да слави и одигра само 2-2 против Нотингем форест, па така Арсенал побегна на седум бода, иако „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

Но, можеби ако на крајот од сезоната не станат шампиони, избраниците на Пеп Гвардиола ќе се сетат на вчерашното големо промашување во буквално последните секунди.

На истекот на судиското продолжени, Савињо го имаше голманот на Нотингем пред себе на колена, шутираше, но топката ја спречи Мурлио и така форест освои бод и му помогна на Арсенал.