Шокантно откритие: Родриго играл три години со повреда!?

Реал Мадрид и бразилската фудбалска репрезентација потврдија дека Родриго се здобил со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти и поради тоа ќе го пропушти Мундијалот, а најверојатно и дел од следната сезона.

„Атлетик“ објави дека бразилскиот репрезентативец уште од 2023 година играл со повреда, откако докторите на Реал решиле на конзервативен начин да го лекуваат проблемот, односно да не го испратат фудбалерот на хируршки зафат.

„Кажаа дека има проблеми со предните вкрстени лигаменти и дека може да се реши со физиотерапија и вежби во теретана“, открива извор за медиумот.