Валах блесна против Бенфика, има една од одбраните на колото (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар во вчерашниот натпревар во Скопје остварија важна победа над Бенфика со која го обезбедија пласманот во четвртфиналето од Европската лига, еден од најзаслужните беше и голманот Милош Валах.

Валах во триумфот од 33-27 свој придонес даде со шест одбранети удари, а еден од нив беше вистински зицер, па сосема заслужено се најде помеѓу најдобрите одбрани на колото.

Вардарци по вчерашниот триумф имаат шанси и за директно место во четвртфиналето, меѓутоа тоа зависи од исходот на дуелот против Мелсунген во Германија.