Вардар го испочитува својот навивач – Леонид доби ново столче (ФОТО)

Поранешниот европски шампион Вардар се грижи за своите навивачи, дури и оние најмладите и тоа го покажа на дело.

Малиот Леонид минатата недела, на дуелот против Мелсунген имаше непријатно искуство откако не можеше да седне на своето столче затоа што беше скршено. Неговиот татко апелираше до Вардар и синоќа имаше пријатно изненадување.

На дуелот со Бенфика, Леонид можеше да си седне на новото столче, а Леонид јавно му се заблагодари на Вардар.