Дубаи најде решение, се враќа во Сараево!
Партизан сигурно ќе го пречека Дубаи во Белградската арена, но клубот од Обединетите Арапски Емирати, според информациите на грчкиот портал „Спорт 24“, до крајот на сезоната би можел домашните натпревари да ги игра во Сараево. Таму би се соочил со Басконија, Панатинаикос, Монако, Ефес и Валенсија. Сепак, оваа информација засега нема официјална потврда од Евролигата, ниту е познато дали публиката ќе може да присуствува на тие средби.
Доколку натпреварите навистина се играат во Сараево, реално е да се очекува солидна поддршка од трибините за Дубаи, особено ако се знае дека тимот на тренерот Јурица Големац во составот има тројца репрезентативци на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, Коста Кондиќ и Кенан Камењаш.
Ќе потсетиме, Дубаи веќе одигра еден натпревар сезонава во Евролигата во Сараево и тоа против Хапоел Тел Авив, кога средбата се одигра без присуство на гледачи.