Победата над Реал Мадрид ја славеа како да освоиле - трофеј! (ВИДЕО)

Хетафе синоќа направи големо изненадување победувајќи го Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу со 1-0, а по мечот следуваше лудо славје во соблекувалната.

Победата над Реал Мадрид буквално се славеше како да освоиле титула, радоста беше огромна за заслужениот триумф над светскиот гигант.