Судијата откри што му кажал Мастантуоно пред да му додели црвен картон (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно дефинитивно нема да игра против Селта, а му се заканува и дополнителна суспензија поради црвениот картон на мечот со Хетафе.

Судијата Муниз Руиз во извештајот од натпреварот напишал дека Мастантуоно е исклучен затоа што не го почитувал.

„Каков срам, проклет срам“, викал Мастуоно кон судијата, по што тој реши да му покаже црвен картон.

Мастантуоно ќе ја пропушти средбата со Селта, а би можел да отсуствува и од дуелот против Елче ако му биде продолжена суспензијата.