Мекиќ: Реално, не припаѓаме во ова друштво!
По натпреварот, Мекиќ призна дека целата екипа влегла малку лабаво, но навреме се ресетира и ја оствари посакуваната цел.
„Ова е исклучително важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво и мораме тоа да го докажеме на теренот. Влеговме во грч, не отворивме како што посакувавме, едноставно ни недостасуваше енергија, додека домаќинот, понесен од поддршката од трибините, почна силно, агресивно и брзо направи висока предност“, рече Мекиќ.
„Како што одминуваше времето, се навикнавме на играта, го свртевме резултатот во наша корист и ние го диктиравме темпото. Да бидам искрен, малку опуштено влеговме во мечот, можеби не залажа фаворитската улога и убедливата победа на домашен терен, но добро е кога добро ќе се заврши. Се надевам дека ова е клучна победа во овие претквалификации и дека конечно ќе продолжиме напред“.