Берокал: Не беше лесно на почетокот, но потоа покажавме карактер и победивме!

Кошаркарската репрезентација на Македонија запиша тешка победа на гостувањето кај Азербејџан (78-70) во Баку, а селекторот Жосеп Марија Берокал ги сподели импресиите од натпреварот.

Берокал кажа дека почетокот на дуелот не бил лесен и се обидувале да ја најдат вистинската формула која ќе функционира на паркетот, во што на крајот успеале за четврта победа во претквалификациите за ЕП 2029.

„Се подготвував за натпреварот и си мислев дали ќе биде лесно затоа што во претходниот меч Македонија победи со 30 поени разлика. Не очекував ваков тим со Македонија, тие се натпреваруваат и борат, а ние се обидовме да најдеме играчи кои се подготвени, иако не беше лесно. Во втората четвртина тргнавме со измени, почнавме да ги поправаме работите и да постигнуваме поени. Верувавме дека можеме да играме и победиме. Во второто полувреме ротиравме со помалку кошаркари. Среќни сме, покажавме карактер и победа си е победа. Имаме уште многу работа, досега сме заедно осум денови, од кои само четири дена трениравме, одиме чекор по чекор“, кажа Берокал.

Македонија во следниот циклус од оваа фаза ќе игра против Луксембург и Ирска во јули.