Драма во семејството на ѕвезда на Макаби - неговиот брат исчезнал на аеродром!

Кошаркарската јавност остана во шок по вестите дека исчезнал 23-годишниот Елија Хорд, помладиот брат на Џејлен Хорд.

Младиот кошаркар се изгубил во петокот, откако неговиот татко го испратил на аеродром во Чикаго.

Тој претходните денови престојувал во САД, каде што го посетил неговиот татко, а враќањето во Франција требало да се случи во петокот, но момчето не се качило на авионот.

Елија е брат на Џејлен Хорд, кој игра за Макаби Тел Авив, а во дебитантската сезона импресионира со 14,7 поени во просек.

Фото: EPA